Сашко Поп-АнгеловАдвокатска канцеларија

Сашко
Поп-Ангелов

Адвокатска канцеларија

Закажете консултација
Семејно наследство од 1972 година↓Jus est ars boni et aequi.

01 / За нас

За Сашко
Поп-Ангелов

Jus est ars boni et aequi за било која друга адвокатска канцеларија можеби е само добар цитат, но за семејството Поп-Ангелов претставува вистина предадена од една генерација на друга. Адвокатската канцеларија Поп-Ангелов ги влече своите корени од 1972 година, кога беше основана од Наќо Поп-Ангелов, кој како високо почитуван јавен обвинител во Република Македонија, во текот на своите активни години како уважуван адвокат ги изгради темелите на адвокатската канцеларија. Високите морални и етички вредности на Наќо неминовно беа пренесени на неговиот син Сашко, кој достоинствено ја продолжи традицијата и во 2001 година ја реоснова адвокатската канцеларија Поп-Ангелов.

Адвокатската канцеларија претставува продолжение на семејното наследство, преку толкување на законот единствено како уметност на добрина и еднаквост . Адвокатската канцеларија Поп-Ангелов, предводена од Сашко, во изминатите две децении дава правни совети во граѓански и кривични спорови, со силен акцент на деловното, управно, трудово, семејно и облигационо право за домашните и странските субјекти во Република Северна Македонија; притоа, негувајќи силна професионална релација со голем број надворешни соработници, со цел да им обезбеди врвни правни совети на своите клиенти.

Сашко Поп-Ангелов
Сашко Поп-Ангелов Адвокатска канцеларија

Jus est ars boni et aequi.

Законот е уметност на добрина и еднаквост.

02 / Области

Области

Управно право

Заштита на правата во управна постапка пред министерствата, државните институции, јавните установи и другите органи на државна управа. Застапување во постапки за вадење на дозволи за престој и одобренија за работа на странци во Република Северна Македонија. Поднесување на барања и застапување во постапки за вадење на уверенија, концесии, лиценци и други документи. Застапување во постапки по донесени решенија од страна на државните инспекциски органи и во постапки за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот. Застапување во царински постапки. Поведување и застапување во постапки пред Управниот суд и Вишиот управен суд во Република Северна Македонија.

Деловно право

Застапување во постапки за основање на домашни и странски правни лица, како и организациони промени во трговските друштва. Изготвување на сите внатрешни акти на правните лица. Застапување, советување и поддршка во деловното работење на домашни и странски правни лица и анализа на закони и прописи кои се од значење за трговските друштва. Застапување на правни лица во постапка за наплата на долгови произлезени од деловното работење на друштвата. Застапување во постапка и заштита на права од работен однос. Изготвување на секаков вид на договори, молби, барања и застапување во постапка за издавање на дозволи за работа и во постапки за јавни набавки.

Кривично право

Изготвување на правни мислења од областа на кривичното право. Застапување во пред-кривични постапки и обезбедување на присуство и застапување пред сите органи на прогонот. Подготвување на одбрана и застапување во кривична постапка пред судовите во Република Северна Македонија. Вршење на истражителни дејствија за кривично правни настани. Застапување во прекршочни постапки. Изготвување на редовни и вонредни правни лекови во кривичните постапки.

Граѓанско право

Застапување на домашни и странски физички и правни лица во граѓански спорови пред судовите во Република Северна Македонија. Изготвување на секаков вид на правни акти: поднесоци, приговори, тужби, редовнии вонредни правни лекови. Застапување во спорови за надомест на материјална и нематеријална штета. Застапување во спорови од семејно и наследно право. Изготвување на сите видови на договори. Застапување во постапка за обезбедување на побарувања и постапки за извршување.

03 / Услуги

Услуги

04 / Клиенти

Клиенти

Наши клиенти се физички и правни лица, домашни и странски компании, дипломатски и конзуларни претставништва, производствени, градежни и транспортни компании, интернационални учишта и успешни бизнисмени. Листата на нашите клиенти не е достапна поради ограничувањата и рестрикциите наметнати од страна на Адвокатската Комора на С. Македонија.

05 / Контакт

Закажете
консултација

Посетете нè

ТЦ Беверли Хилс, 1ви кат,
Народен Фронт 19А,
1000 Скопје, Р. Македонија
Насоки

Контактирајте нè

+389 (0)2 3060-670+389 (0)70 332-313
Испратете е-пошта